Поранешната манекенка Шерлили Лили Бекер ужива во семејниот одмор на Сардинија откако пoранешниот сопруг Борис Бекер, го прогласила за лажливец и ѓавол.
43-годишната Лили папарацо фотографите ја фотографирале на плажа каде ги украла сите погледи од присутните во бикини со огромно деколте, а со неа бил и синот Амадеус кој го добила со Борис.
Лили неодамна во медиумите го критикувала нејзиниот поранешен сопруг поради тоа што го занемарил семејството.
„Борис може да биде шармантен и полн со љубов кога сака, но и исклучително да те повреди со зборови. Тој е ѓавол. Затворот не го направи Борис подобра личност. Тој живее во својот свет во којшто сѐ се врти околу Борис Бекер“, изјавила поранешната манекенка.
„Не сум јас виновна што отиде во затвор. Сам си го уништи својот углед. На Борис му е сеедно дали ни оди добро или лошо. Имавме искрена љубов. Кога почнав да се еманципирам во бракот, имаше кавги. Исто така и поради лагите на Борис за неговите финансии“, додала таа.
Во новиот документарец „Boris Becker: The Rise & Fall“, Лили се присетила на моментот кога дознала дека Борис се верил со ќерката на својата поранешна советничка и менаџерка Аксел Мејер Волден.
„Никогаш не сум се чувствувала толку грдо, старо и непосакувано кога дознав дека се верил за помлада, прекрасна жена“, раскажала таа.
Бекер после некое време откако се развел од Лили, клекнал пред 16 години помладата Александра Мајер Волден, но тие се разишле пред да застанат пред олтар, по што Лили му дала втора шанса.
Се венчале во 2009 година и го добиле синот, а се развеле во 2018 година.
Борис годинава беше пуштен од затвор и депортиран во Германија, откако отслужи седум и пол месеци зад решетки.
Беше осуден на 30 месеци затвор поради криење на својот имот откако прогласи банкрот.