Пред неколку дена Борут Пахор се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер.
Пахор на Твитер објави дека го продава својот автомобил од 1991 година, Renault 4 GTL. Тој на објавата додаде дека парите што ќе ги заработи од продажбата ќе ги донира за деца кои се борат против ракот.
Пахор најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во наредните денови, а сега сподели и видео од својот автомобил.
Prodajam katro (Renault 4 GTL, l. 1991) kupnino pa bom podaril otrokom, ki se borijo z rakom.
Ostale informacije sledijo v naslednjih dneh. ♥️ pic.twitter.com/xA6X1ABZzz— Borut Pahor (@BorutPahor) January 29, 2023
Пред неколку дена Пахор на Инстаграм се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер.
„Процесот на сертификација воопшто не е толку лесен, што е добро, олдтајмерите го заслужуваат тоа“, рекол тој, откривајќи дека неговиот автомобил ги импресионирал вработените на техничкиот преглед.