Пејачот Си Такер кој настапуваше за Битлси пред да станат славни, почина во 76-тата година од коронавирус, потврди неговото семејство. Пејачот минатата недела приметил симптоми на корона, а починал вчера во болницата во Ливерпул.
-За Ливерпул тој беше Си Такер, но за нас тој беше целиот наш свет. Секога беше тука за своето семејство. Неговата духовита личност ги шармираше сите со кој се дружеше. Тоа што ја прави нашата загуба уште по потресна е што се можеше да се избегне да не беше коронавирусот. За помалку од една недела поминавме од еден здрав и енергичен човек до тој што го нема повеќе. Ги повикувам сите да се придржуваат на советите, за да не ја доживеат ноќната мора која ние ја доживеавме – изјавило семејството на пејачот.
Инаку, Си Такер е прва жртва на коронавирусот во Ливерпул. Пејачот симптомите го почувствувал минатата сабота, по завршување на својата свирка во еден ноќен клуб.