На гала-церемонијата во Марбела, Шпанија, на Ричард Гир му се придружи неговата 33 години помлада сопруга Алехандра Силва.
За оваа пригода познатиот актер облече елегантно црно палто и панталони, кои ги искомбинира со чиста бела кошула и црна машна, додека неговата партнерка реши да ја воодушеви публиката во елегантен жолт фустан, пишува Дејли Мејл.
Иако се во брак само нешто повеќе од четири години, 72-годишниот Ричард и неговата сопруга првично биле принудени на врска на далечина, бидејќи таа живеела во Шпанија, а тој во САД. Меѓутоа, откако се венчале, нашле заеднички дом во Њујорк.
Гир од бракот со Кери Ловел го има синот Хомер (22), додека пак Алехандра од бракот со бизнисменот Говинд Фриедланд го има синот Алберт (9).
На актерот ова му е трет брак, а пред Силва и Ловел тој пет години бил во брак со супермоделот Синди Крафорд.