Актуелен генерален секретар на владејачката СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски наскоро ќе се жени. Тој ја побарал за жена својата долгодишна девојка Андријана Јакимовска.
Љупчо на својот профил на Фејсбук од Порторож, Словенија, објави заеднички фотографии, како и слика од прстенот на раката.
На социјалните мрежи двојката прими честитки од нивните пријатели.