Сопругата на Камерон, Верена Клос, исто така дизајнерка, успеала да побегне кај соседите и да ги извести полициските служби, стои во соопштението. Нападот се случил во домот на двојката во близина на Хершинг, на езерото Амер.
Ролс-Ројс се огласи со објава:. „Иан имаше значајна улога во обликувањето на Ролс-Ројс откако беше преземен од групацијата БМВ и се пресели во својот дом во Гудвуд, во Западен Сасекс,“ наведуваат од компанијата.
Ролс-Ројс ја нагласува улогата на Камерон во обликувањето на семејството модели „Phantom“, како и на помалиот „Ghost“.
„Тој создаде најсовремени автомобили што ги задржаа симпатиите кон дизајнерската низа на марката. Сочувствуваме со неговото семејство и пријателите“, напишаа од компанијата.
Во БМВ, Камерон имал заслуги за дизајнот на родстерот Зед-9, а имал и клучна улога во дизајнирањето на третата генерација на Рејнџ Ровер, во времето кога марката беше дел од БМВ.
По заминувањето од БМВ, тој работеше како слободен дизајнерски консултант во „Ian Cameron Design Partners“.