Поранешниот голман на ракометниот клуб Вардар, Србинот Страхиња Милиќ ја заврши кариерата поради прекумерна тежина. Тој лани го раскина договорот со Вардар поради зголемената килажа.
Тогаш, Страхиња доби задача од клубот да дојде до саканата тежина како би продолжил да брани, но откако не успеа, платата ми беше намалена, што тој не прифати. Од 2018 Милиќ е без клуб, па се откажа од ракометот, бидејќи неможе да ослабе.
Инаку, Страхиња Милиќ од 2012 до 2018 година бранеше за Вардар со кого освои две титули на Лигата на шампиони. Сега не игра ракомет, но се појави во спотот “Алигатори“ на српскиот пеач Девито.