Поранешниот фудбалер на Вардар и на француските екипи Оксер и Седан, Драги Павлов од неодамна стана еден од главните скаути на Оксер.
“Работам како фудбалски тренер на Исланд повеке од 20 години и много сум горд бидејќи во нивните млади репрезентацији има много играчи кои јас ги тренирав во мојот клуб. По долгогодишното играње во Франција и оставениот авторитет, добив понуда од екипата Оксер да бидем дел од нивниот скаут-тим што ми беше голема чест. Оксер е професионален фудбалски клуб со голема традиција во Франција. Во него играа: Басил Боли, Бакара Сања, Енцо Шифо, Сисе, Ерик Кантона, Јаја Санаго и многу други. Академијата на Оксер е меѓу првите пет фудбалски академии во Франција“ вели Павлов и додава:
“Моите обврски како скаут ќе биде да ги следам младите фудбалски таленти и најдобрите меѓу нив да ги издвојам. Познато е дека сега на фудбалскиот пазар големите клубови бараат млади фудбалери. Токму, умешноста на скаутот е да “намириса“ млади таленти. За таков нешто треба да имаш “око“ и добар инстинкт. Младите таленти се познаваат по физичката конституција за самата возраст, по движењето на терен, како и талентот за реализација“. вели популарниот “Гега“ кој ќе бара таленти во Македонија и Србија.
“ Моментално работам во Скандинавија, а од скоро добив дозвола од Оксер да барам млади таленти во Македонија и Србија. Најголемото мое задоволство е кога ќе видам млад играч кој сум го препорачал да настапи во првата екипа“.