Откако Ким Кардашијан во интервју за Variety изјави дека „никој не сака да работи денес“, нејзината поранешна вработена Џесика ДеФино изјави дека работела за семејството Кардашијан пред седум години.
„Бев уредник на апликацијата Кардашијан во 2015 година. Работев дење и ноќе, за време на викендите, а можев да си дозволам само најевтини намирници“, напишала Џесика на Твитер, истакнувајќи дека едвај преживувала со таа плата.
Таа опишала дека морала неколку пати да се преправа дека е болна затоа што не можела да си го поправи автомобилот за да стигне на работа. Џесика, исто така, сакала да работи споредни работи за да го зголеми нејзиниот месечен буџет, но тврдела дека Кардашијан тогаш ќе ја прекореле.
За потсетување, Ким, Клои и Кортни Кардашијан се едни од најпознатите жени во светот, а на социјалните мрежи ги следат милиони луѓе.
„Луѓето мислат дека живееме од нашата слава. На кого му е гајле? Ние се навраќаме само на позитивните критики и се убиваме од работа за да имаме се` што имаме денес. Жал ни е ако размислувате поинаку, но немаме енергија. Не мора да бидеме пејачки, танчерки или актерки, ние ги живееме нашите животи и гледајте чудо – успеавме“, изјави Ким за Variety и им порача на критичарите да станат и да почнат да работат.