Повеќемесечната драма околу принцезата Шарлин трогна многумина. Во моментот таа се наоѓа во неименува установа во Швајцарија и точната причина за нејзиното заминување не е позната, а поранешната љубовница на нејзиниот сопруг, Никола Косте сега повторно се огласи за неа.
Поранешната стјуардеса Никол Коста (49) била прашана за здравјето на сопругата на нејзиниот поранешен љубовник, принцот Алберт, а таа ладнокрвно одговорила, пишува Дејли мејл: „Не ми е гајле што ќе се случи со неа, тоа што се случи е карма“, рече Коста.
Поранешната на Алберт, Никол Коста, досега немала добро мислење за „најтажната принцеза“.
“Искусив работи од неа кои ме вознемирија и ме шокираа. Кога Алберт не беше таму, Шарлин ја премести собата на мојот син во крилото за вработените. Како мајка, не можам да го разберам тоа”, рече таа во септември. Таа зборувала за принцот Алберт во суперлативи и го пофалила како одличен татко. Наводно, тој збеснал по тие нејзини интервјуа, бидејќи коментарите што ги дала за принцезата може дополнително да го разнишаат нивниот брак на стаклени нозе.
Рекла дека врската била искомплицирана со доаѓањето на Шарлин во животот на Алберт. Синот на Алберт и Коста, Александар го прославил својот 18-ти роденден во ноември, а фотографиите од прославата на Инстаграм ги сподели неговата полусестра Јасмин Грејс Грималди, уште едно вонбрачно дете на Алберт.
Инаку, Никол го роди синот Александар во август 2003 година. Принцот наводно бил лудо вљубен во неа, а нивната љубов на крајот ја спречил неговиот татко, принцот Рение. По смртта на неговиот татко Рение, Алберт го признал момчето за син.