На 36-годишна возраст почина Хана Стаматовиќ, поранешна учесничка на натпреварот Survivor.
Според медиумите, таа починала вчера, во раните утрински часови, по тешка битка со ракот.
Бројни пријатели и роднини се збогуваат со Хана преку социјалните мрежи, во вид на потресни објави.
Погребот ќе се изврши на 12 ноември на Новите гробишта во Броград.
Да потсетиме дека Хана студирала психологија, а сакала и танцување, но и атлетика со која се занимавала долго време.