Пејачот Даниел Кајмакоски пред неколку месеци се разведе од неговата сопруга Кристина.
„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– тврди моделот Кристина, во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ” и додава:
“Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија , раскажа Димитриевска за „Бекстејџ” најавувајќи враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио ,,Црнокрак”.
Инаку, Кристина и Даниел беа 3 години во брак, а заедно го имат синот Давид.