Поранешната Мис на Македонија Стефани Борсова – Стојановиќ по вторпат стана мајка.
Таа преку својот Фејсбук профил откри дека станала мајка на девојче кое го доби името Александра.
Инаку, Стефани со сопругот и синот Стефан живее во Сремска Митровица, Србија, каде е газдарица на кафуле. Таа во 2010 година ја понесе титулата за најубава Македонка.