Поранешната Мис на Македонија, Стефани Борсова, која оваа титула ја понесе во далечната 2010 година, стана мајка по втор пат – сподели Стефани на својот профил на Фејсбук и откри дека родила девојче.
Стефани која брзо по изборот се повлече од јавниот живот и се омажи веќе има син.
Интересно е дека поранешната убавица всушност и не живее во Македонија. Со години води мирен живот во Сремска Митровица и е сопственичка на слаткарница и кафуле.