Американската актерка Аманда Бајнс беше омилена детска ѕвезда, која ги имаше главните улоги во познатите комедии „Таа е мажот“ („She’s the Man“) и „Она што го сака девојката“ („What a Girl Wants“). Со текот на времето, таа разви зависност од алкохол и дрога и целосно го смени физичкиот изглед.
Бајнс сега беше забележана на улиците на Лос Анџелес, каде делува непрепознатливо. Актерката имаше руса коса подолг период, а сега ја офарбала во црна. На фотографиите изгледа нерасположено, но се чини дека не обрнувала внимание на папарацо фотографите.
Да потсетиме, Аманда Бајнс беше на рехабилитација поради зависност, со која вели дека повеќе не се бори. Сепак, нејзиното минато остави трага на нејзиниот изглед и таа повеќе не изгледа ни приближно на начинот на кој изгледаше на врвот на нејзината кариера.
Во 2012 година актерката беше уапсена поради возење под дејство на опијати, а една година подоцна беше фатена како пуши марихуана во фоајето на зградата во која тогаш живееше. Тој ден таа фрли стаклен бонг кон полицијата.
Подоцна истата година подметна пожар пред куќата на луѓе кои не ги познавала, па поради тоа беше ставена под старателство. Таа беше под надзор девет години, а минатата година судијата одлучи дека е способна да се грижи за себе и ѝ го прекинаа старателството.
Минатата година, Бајнс заврши во психијатриска болница бидејќи шеташе гола на улица.