Елизабет Каналис е италијанска актерка и модел која од 2009 година до 2011 се забавувала со Џорџ Клуни.
Елизабет и денес ги полни страниците од магазините, но само кога ќе се појави во бикини на плажа. Оваа 45-годишна бринета има тело на кое можат да ѝ завидат дупло помладите девојки.
Меѓутоа, таа не се осврнува на тоа и својот живот го живее слободно и среќно како поголем дел од Италијанките.
Така било и овојпат кога папарацо фотографите ја фотографирале на плажа додека се обидува да го намести горниот дел од бикинито.
Пред една година таа говорела за својот приватен живот, како и за разводот од поранешниот сопруг Брајан Пери.
„Доколку погледнам назад, кога се венчав не очекував дека работите ќе се развиваат во оваа насока. Но, со текот на годините сфатив дека постојано се менуваме и дека односот неизбежно може да се смени. Може да се соочите со раздвојување на трауматичен начин или гледајќи се еден со друг во очи и обидувајќи се да разберете. Брајан и јас сме дел од оваа втора група“.
Елизабет од Брајан се развела после десет години брак.
„Нас жените секогаш ни ја припишуваат одговорноста за неуспехот во браковите или за тоа што не сме биле доволно посветени на истиот за да го спасиме. Говорат дека сме неодговорни. Не се согласувам со тоа. Да се биде родител е голема одговорност и кога сте самохран родител по избор, тоа не се менува. Само се враќате на својата индивидуалност, на својот живот.
Многу пати животот нѐ става пред настани за кои потребно е да растете и да одите понатаму. А, промените можат да бидат позитивни, не само симптоми на неизвесност и страв. Не смееме да дадеме простор на идејата на неуспех туку да научиме да еволуираме. Да можев да се вратам би направила сѐ исто“, изјавила таа.