„Црвено-жолтите“ одлично го отворија мечот со водсто од 3-0, а потоа и 4-1, но потоа ривалот направи серија од шест гола за да го преземе водството и да го задржи до крајот на полувремето (13-10).
По водството од првиот дел на Словенија, во вториот дел Македонија се врати неколкупати во егал и малку трпение недостасуваше за се да биде во наша полза. Недоволното искуство на нашите ракометари, го искористи искусната Словенија, која ги впиша првите бодови на ова ЕП.
Нашите репрезентативци одиграа борбено,и покрај поразот, оваа генерација на млади играчи докажа на оваа средба дека има сила во иднина да не радува на големите натпреварувања.
Најефикасен во нашиот тим беше Кузмановски со 8 погодоци. На оваа средба во репрезентацијата на Македонија посебен блесок имаше голманот Мартин Томовски со 12 интервенции.
Македонија задутре игра против Црна Гора, додека во последниот меч од првата фаза ќе се сретне со актуелниот светски првак Данска в понеделник. Пласман во наредната фаза ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја група.