Далила Јакуповиќ од Словенија и Бернард Томиќ од Австралија се гушеа на теренот во квалификациите на Австралија Опен.
Јакуповиќ мораше да го предаде мечот против Стефани Вогел во првото квалификациско коло на Австралија опен. Словенечката тенисерка во финишот на вториот сет имаше проблеми со дишењето и почна неконтролирано да кашла.
„Беше навистина лошо. Никогаш не сум имала вакво искуство и се плашев дека ќе колабирам бидејќи немав сила во нозете“, изјави Јакуповиќ.
Нешто случно му се случи на австралискиот тенисер Бернард Томиќ кохј имаше проблеми со дишењето на дуелот со Денис Кудле. кој го загуби со 2:0. Во еден момент Томоќ седна на клупата и не можеше да дојде до ваздух. Докторот веднаш истрча на теренот, за да му даде кислород за да си дојде на себе.
Инаку, сето ова беше предизвикано поради екстремната жештина во Мелбурн, но и поради чадот од дивите пожари кои беснеат низ цела Австралија.
This is how bad the conditions are in Australia/Melbourne from the #AustraliaBushfires
Dalila Jakupovic the tennis player had a coughing fit and had to forfeit the match. pic.twitter.com/BfV0iMiKB3
— ⚽️Sam⚽️ (@OzzyFutball) January 14, 2020