Речиси цело Скопје вчера беше во сообраќаен метеж. Поради заедничката владина седница на земјава и Косово, поради што и беше променет сообраќајниот режим, се случија блокади во централното градско подрачје.
Закочен беше и булеварот „Климент Охрдиски, од раскрсницата кај студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во правец кон „Партизанска“, кај Соборниот храм.
На Tвитер се појави видео во кое скопјанка, плачејќи, моли да се снајде во сообраќајните блокади за да стигне на погреб кај татко си.
-Само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, за да поминам и да одам на погреб кај татко ми, рече таа која се најде на крстосницата кај базенот Карпош.
Во која бедна држава ние живееме.
Да гледаш и да не веруваш.
Срамно е ова.
Греота е!
МРШ! pic.twitter.com/oXHwRG8jNs— Фортификација (@Fortiifikacija) September 16, 2021