Кристина Тишкун, советничка во Министерството за образование на Украина и блиска соработничка на заменик-министерот Игор Гарбарук, предизвика вистински скандал кога се појавила во фустан со длабоко деколте на прославата на градоначалникот на Лвов, Садов Андрија Иванович. Нејзиниот стајлинг го чинел заменик-министерот функција, а украинската јавност стана повеќе од заинтересирана за екстравагантниот профил на Кристина на Инстаграм.
На контроверзната фотографија таа позира со заменик-министерот, градоначалникот и други функционери.
Заменик-министерот ја напуштил функцијата по објавувањето на фотографијата, но се уште не се знае што ја предизвикало оваа одлука. Од министерството наведуваат дека тој е разрешен по негово лично барање.
Кристина фотографијата ја објавила на својот Инстаграм профил, кој набрзо го заклучила поради осуда од јавноста. Нејзината објава била преплавена со навредливи коментари, а некои од корисниците се запрашале дали советничката носи градник под фустанот, пишува „Страна тудеј“.
„Дали треба да изберете облека за во градскиот совет? Мислев дека секој се облекува како што сака, она што му е удобно“, напишала таа во коментарите пред да го заклучи својот профил на Инстаграм.
Инаку, таа е родена во 1994 година во Лавов. На нејзиниот Фејсбук профил пишува дека магистрирала право на Националниот универзитет Иван Франко во истиот град.
Моментално живее во Киев. Тишкун работи и како помошник адвокат во адвокатската канцеларија на советникот.