Колин Фарел основа фондација во чест на својот син со Ангелманов синдром. Тој за магазинот „Пипл“ зборувал за својот дваесетгодишен син кој боледува од овој редок невролошки синдром и за нивниот заеднички живот.
За време на интервјуто, неговиот син Џејмс, кој не умее да зборува, седел во дворот и си играл со својата негувателка. Тој воспоставвил контакт со очите со новинарката којашто стоела во близина и веднаш ја фрлил топката во нејзина насока како би ја вклучил во својата игра.
Очите на Џејмс светнале кога го здогледал Колин, но тоа не било ништо во споредба со евидентната топлина во градите на неговиот татко, кога сите тие луѓе така слатко реагираат на неговиот син. „Сакам светот да биде љубезен кон Џејмс“, изјавил актерот. „Сакам светот кон него да се однесува со љубезност и почит
И тоа, на крајот, била движечката сила која се криела зад одлуката на Фарел да го отвори својот дом и за првпат детално да говори за неговиот живот со синот. Кога во септември ќе наполни 21 година, Џејмс, (кој Фарел го дели со поранешната девојка, манекенката Ким Борденаве), ќе остане без бројните погодности и поддршка кои се обезбедуваат на семејствата кои имаат деца со посебни потреби.
„Кога вашето дете ќе наполни 21 година, тоа е самостојно“, вели Фарел. „Сите заштитни мерки кои се поставени, специјалното образование, сето тоа исчезнува, така што останувате со млада возрасна личност која треба да биде интегриран дел од нашето модерно општество, а често е оставена сама на себе“.
За да помогне да се премости тој јаз, актерот сега ја лансирал Фондацијата Колин Фарел за поддршка на возрасни деца со интелектуална попреченост преку застапување, образование и иновативни програми. „Ова е прв пат да говорам за тоа, а очигледно единствената причина поради која зборувам е затоа што не можам да го прашам Џејмс дали сака да го направи ова“, зборувал актерот.