Дури 250 руски специјалци и 7.000 полицајци ќе го чуваат рускиот претседател Владимир Путин на 17 јануари во Белград. Улиците низ кој ќе помине тој ќе бидат затворени, шахтите заварени, на зградите ќе бидат распоредени руските и српските специјалци, а на граѓаните кои живеат во становите на трасата каде што ќе помине Путин им е наредено да ги затворат прозорците и навлечат завесите.Исто така воздушниот простор над Србија ќе биде затворен, а ќе биде надгледувана и интернет комуникацијата на Србија со странство.
Руските специјалци кои веќе се во Белград ништо не оставаат на случајот. Од храната, пијалоците, потоа предметите што ќе бидат во контакт со Путин, па се до клима уредите во просториите во кои ќе биде најчуваниот човек на светот. Се ќе биде детално прегледано и хемиски испитано.