Египетската актерка Ранија Јусуф може да заврши со затворска казна од пет години бидејќи на отворањето на филмскиот фестивал во Каиро носела проѕирен фустан поради кој нозете и биле откриени.
Таа на 12 јануари ќе мора да се појави пред египетскиот суд, по пријави од група на правници.
Инаку, како и повеќето муслимански држави, и покрај растечкиот верски конзерватизам, Египет задржа елементи на секуларност. Но, тужбата против актерката Раније Јусуф покажа и пет години по војниот удар, во Египет исламскиот фундаментализам е сеуште многу силен.