На 64-годишна возраст почина поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам.
Тој беше долги години претседател на партијата Сојуз на Ромите.
Од неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) за Канал 5 јавуваат дека тој починал поради проблеми со срцето во болницата Жан Митрев а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.
Инаку, минатата недела Амди Бајрам во Турција направи свадба за неговата внука.