Пожар зафати напуштен објект во центарот на Скопје, на улица „Максим Горки“, спроти Соборниот храм. Се работи за објектот на поранешната позната сендвичара „Кинг бургер“, за кој минативе години скопската чаршија кружат муабети дека е предмет на нерасчистени сопственички односи.
Интервенираше противпожарната служба со 13 пожарникари и неколку возила. Еден од 13-мина пожарникари кои го гаснеа пожарот се здобил со мала, незначителна повреда од ќерамидите на кровот на објектот.
По брзата интррвенција на против пожарните служби, спречено е понатамошно ширење кое би ги зафатило и околните куќи згради, а при акцијата немаше повредени.
Според мислењето на командирот на противпожарната бригада, пожарот најверојатно бил подметнат, но, истрагата ќе ги посочи официјалните причини.