Докторот Ненад Лазаров синоќа на својот Фејсбук профил објави дека главната медицинска сестра на Инфективната клиника во Скопје, како и уште две одделенски сестри дале отказ во еден акт.
„Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…“, пишува Лазаров на својот Фејсбук профил.
Во неговата објава стојат во прилог и документите од неговите колешки кои се жaлат дека нивната работа е нeпочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.
„Причините за да ја напуштaм Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Нeпочитување и дeградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим“, се вели во барањето на главната медицинска сестра.