Сите знаеле дека принцот Алберт прилично е див во љубовта и дека има неколку вонбрачни деца. Изгледа дека тоа го знаеле сите, освен Шарлин, јужноафриканската олимписка шампионка во пливање која принцот имал намера да ја земе за сопруга. Кога се вериле, Алберт имал 52 години, а Шарлин 20 години помалку.
Првиот шок го доживеала на почеток од бајката. Додека ја пробувала венчаницата слушнала дека нејзиниот иден сопруг има уште едно вонбрачно дете – овојпат трето по ред.
Тоа била капката која ја прелила чашата. Шарлин сакала да го напушти поради тоа што ја лажел додека биле во врска, па што може да очекува од бракот?
Шарлин се обидела три пати да побегне од венчавката, но безуспешно. Затоа светот го обиколија фотографиите на кои таа плаче додека во венчаница излегува од црквата. Никој не се сомневал што се случува во кралството на Монако во тој момент. Шарлин така го доби епитетот „најтажната принцеза на светот“, а тој епитет ѝ го одбележа идниот живот и бракот.
Кога ги родила близнаците, светот помислил дека Алберт и Шарлин го нашле заедничкиот јазик, но тоа примирје не траело долго.
Обвиненијата на поранешните љубовници ги полнеле страниците на медиумите ширум Монако, но и планетата, а чувствителната Шарлин не можела да го поднесе тоа. Во 2020 година таа заминала во ЈАР во посета на пријателите и таму останала подолго време. Алберт се обидувал да ја измами јавноста со приказната дека принцезата има здравствени проблеми и дека не смее да лета. Но, за тоа време Шарлин се обидува да најде начин како да живее подалеку од Монако, но со своите деца.
Меѓутоа, поради тоа што очигледно не нашла решение, таа се вратила во Монако бледа, исцрпена и видно ослабната.
Не многу долго потоа Алберт им јавил на медиумите дека на принцезата ѝ е потребен одмор и одредено време ја сместил во санаториум.
По повеќе од половина година Шарлин почнала повторно да се појавува во јавноста, но никој не можел да го занемари нејзиниот поглед. Од друга страна Алберт „цвета“ и се труди што повеќе да ја покаже својата наклонетост кон својата млада сопруга.