Манекенката Тина Кунaки која ја краси несекојдневна убавина, има многу интересна животна приказна. А, сите се прашуваат како успеала да ѝ го „одземе“ сопругот на легендарната Моника Белучи.
Егзотичната Тина Кунаки случајно ја забележала една компанија, додека сурфала на плажа и договориле со неа да направат фотографирање. Тоа бил првиот чекор на оваа млада дама во светот на моделингот и почеток на остварување на нејзиниот сон да стане многу успешна манекенка.
Таа не ни замислувала дека подоцна ќе го освои поранешниот сопруг на Моника Белучи и дека ќе предизвика „хаос“ во медиумите.
Кариерата ја градела постепено, прво се појавувала во локални реклами, а потоа работела за познати брендови и се преселила во Мадрид. Со доаѓањето во главниот град на Шпанија, Тина станала дел од агенцијата „Mad Management Model“, меѓутоа набрзо потоа се преселила во Лондон. Во британската престолнина потпишала договор со „SUPA Model Managment“ и тогаш започнува нејзината голема кампања.
25-годишната девојка е многу атрактивна, а посебна убавина ѝ дава бујната, кадрава коса и извајана фигура на тело.
Снимајќи неколку музички спотови, популарноста на Тина нагло се зголемила. А, потоа како „бомба“ одекна веста дека започнала врска со актерот Венсан Касел, поранешниот сопруг на Моника Белучи.
Нејзиниот сексапил и егзотичен изглед на прв поглед го освоиле Касел. Убавата манекенка 6 години е во врска со францускиот шармер, а во 2019 година ја добиле ќерката Амазонија. Славниот пар заедно е од 2016 година, а се запознале на Ибица и тоа во момент кога таа имала само 19 години.
„Тоа беше магичен момент. Бевме на исто место во исто време. Не можам да ги откријам деталите од нашето познанство, но ќе кажам дека и двајцата сакаме да сурфаме“, открила своевремено Тина.
Како што тврди, немала претстава за кого станува збор кога се запознала со Венсан. Имено, сфатила дека е позната личност дури кога почнале да ја бркаат папарацо фотографи на секое ќоше.
Од стартот нивната врска предизвикувала големо интересирање затоа што јавноста била љубопитна да знае во чии прегратки завршил славниот 56-годишен маж по разводот од Моника Белучи.
Интересно е тоа што и Кунаки, како и Моника е Италијанка, но таа има некои поегзотични корени – по потекло е од африканската држава Того.