28-годишна Мексиканка морала да се породи на влезот од болницата во јужно мексиканската држава Оахака, затоа што болницата во која дошла била полна со ковид пациенти.
Жената наводно чекала десет минути пред болница да биде примена, после неуспешните обиди на нејзиниот партнер да ги убеди вработените да ја примат, пренесува Дејли Меил.
Медицинските лица ѝ рекле на родилката да почека пред болница, која била полна со пациенти заболени од коронавирус, а на снимката може да се види како лекарите и сестрите ја опколуват жената додека го раѓа својот син.
На снимката се гледа и куче кое во еден момент се приближува до насобраните да „припомогне“.
После породувањето бебето го замотуваат во ќебе и го внесуваат во болницата.
Мајката и нејзиното петто дете се во стабилна состојба, соопштило министерството за здравство во Оахака.