ПОРАДИ КИТ РИЧАРДС: „Ролинг Стоунс“ ја откажаа европската турнеја 2026 (ФОТО)

by Тони Зографски

Легендарниот британски рок-бенд ги откажал плановите за голема стадион турнеја ширум Европа и Обединетото Кралство, што требаше да се одржи во 2026 година, пренесе „Variety“. Иако турнејата никогаш не била официјално најавена, за неа со месеци се зборуваше.

Според изворите блиски до бендот, откажувањето се случило бидејќи гитаристот Кит Ричардс не можел да се обврзе на напорен и долготраен распоред на настапи. Ричардс наскоро ќе наполни 82 години, а во текот на последните години отворено зборувал за здравствените предизвици и приспособувањата што морал да ги прави во текот на свирењето.

Последната голема турнеја „Hackney Diamonds Tour“, Ролинг Стоунс ја одработиле во 2024 година во Северна Америка, каде одржале 20 концерти и постигнале голем успех. Албумот „Hackney Diamonds“ беше првиот нивен студиски албум со нов материјал по речиси 15 години.

Зборувајќи за соработката со продуцентот Ендру Ват, Мик Џегер минатата година изјавил за „Variety“: „Знаев дека Енди и јас можеме да соработуваме штом се запознавме. Има заразен ентузијазам и одлична работна етика, а покрај тоа е прекрасен музичар. Веднаш „кликнавме“ и работата за која мислев дека ќе биде тешка ја претворивме во интересна и лесна“.

„Ендру има заразна енергија и неуморен ентузијазам, што е еден од големите квалитети на добар продуцент. Покрај тоа, беше забавно да се работи со него, што е уште една голема предност“, додал Кит Ричардс.

И покрај откажувањето на турнејата, бендот и понатаму планира да продолжи со работата во студио, а новиот албум се очекува да биде објавен во текот на 2026 година.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com