Насрин Корнфилд Смит (37), која станала „зависна“ од филерите од својата 18-годишна возраст, ги предупреди луѓето дека интервенциите не секогаш се одвиваат според планираното и дека изборот на соодветен хирург знае да биде комплицирано. Имено, таа на своите придружници им покажа дека толку многу претерала со „филерите“ во задникот што по последната интервенција ѝ се отвориле рани и тие почнале да течат. Иако десетина хирурзи одбиле да ѝ вградат импланти во задникот, тоа не ја спречило во намерата, па заминала во странство (не наведува каде), да го заврши тоа што го наумила.
Сепак, на задникот ѝ се отвориле рани преку кои можел да се види имплантот. Таа смета дека не добила соодветна нега и не знаела оти не смее веднаш да се врати на секојдневните активности, а тоа го отежнало нејзиното закрепнување.
Таа на 31 г. решила да стане естетичар со цел да промовира естетски процедури и да ги предупредува пациентите на можните компликации.
Иако многу нејзини придружници ја исмеваат поради бројните корекции и интервенции што ги имала на лицето и телото, тоа не ја засега, туку смета дека не треба многу да се осврнуваме на туѓото мислење.