Кандадскиот музичар Брајан Адамс е прогласен за рacиcт откако на Твитер ги oбвини “aлчнитe гадови кои јадат лилјаци” за ширење на кoрoнaвирусот.
Причината за неговиот бес е фактот дека од вчера требаше да продолжи со својата музичка турнеја, но тоа не се случило поради моменталните околности во светот.
“Денеска требаше да продолжам со концертите, но поради е*ените алчни копилиња од мокрите пазари кои јадат лилјаци, целиот свет е на чекање, да не ги споменувам и илјадниците кои боледуваа и починаа од коронавирусот”, напишал Адамс.
Тој пропратно го промовирал веганскиот начин на живот на кој е посветен.
“Мојата порака за нив, освен “е*ено фала” е – станете вегани”, заклучил музичарот.
“По ваквите глупости мило ми е што турнејата тѝ е откажана”, му порачал еден корисник на Твитер, а друг додал дека не може повеќе да биде негов обожавател по ваквата расистичка изјава.
https://www.instagram.com/p/CADYjsonDVJ/