Актерката Камерон Дијаз успеа да ги освои симпатиите дури и на оној дел од публиката што толку многу не ја сака.
Имено таа била фотографирана во друштво на нејзината ќерка додека шетала со неа. И додека девојчето го возело тротинетот, актерката пешачела. Сепак, тоа не е она што го привлече вниманието на јавноста.
Туку тоа беше нејзината модна комбинација, толку едноставна, а сепак толку модерна и моќна. Дијаз се решила за тексас јакна, која ја носела преку бела маица, заедно со фармерки и бели патики.

Едноставно, а совршено – вистински пример за „кежуал шик“ комбинација.
Сепак, нејзиното појавување во јавноста не беше само моден момент. Тоа беше и потсетник за тоа колку Камерон ужива во улогата на мајка, во период од нејзиниот живот кога многу нејзини врсници одамна поминале низ фазата на одгледување мали деца.