Фолк-пејачот Драгиша Митиќ- Гиле вчера се самоубил во неговата семејна куќа во селото Тител покрај Белград, пишува српски „Курир“.
Според нивни извори, Гиле се обесил, а причината за самоубиството, наводно, се големите долгови што ги имал и не можел да ги плати.
Гиле пеел 20 години, а од 2015 година снимал песни за „Гранд продукција“.
Веќе се збогуваат со Драгиша на социјалните мрежи.
– Драгиша Митиќ Гиле … 45 години. Ми кажа многу одамна … Пријатели еднаш, пријатели засекогаш. Почивај во мир пријателе … се надевам дека сега си го пронашол својот мир … нека те чуваат ангелите … Збогум мој Гиле. Тажна сум, но среќна што те познавав. Ќе те паметам долго, долго … засекогаш. Искрено сочувство до семејството Митиќ – напиша една жена на Фејсбук.