На бензинска пумпа во Ранчо Кордова, Калифорнија, во еден момент цената на горивото била 69 центи залитар , наместо редовната цена од 6,99 долари за галон.
Дарил Сурита, кој живее во блискиот Сакраменто, го забележал тоа и добро го искористил. Тој на социјалните мрежи објави видео од бензинската пумпа за да ги информира сите за цената и ги повика членовите на семејството да дојдат да наполнат гориво за да поминат поевтино.
„Ја објавив цената на мојот Инстаграм профил и им одговорив на сите што ми праќаа пораки. Се јавив на мајка ми и и кажав. Таа му се јави на својот брат и му кажа. Мислев дека е премногу добро за да биде вистина додека не го проверив мерачот за гориво што покажа дека резервоарот е полн и јас потрошив само 14 долари “, изјави Сурита за Newsweek.
„Се вратив со друг автомобил, го наполнив, се вратив со братучед и наполнив уште неколку резервоари. Целата бензинска пумпа беше блокирана со автомобили“, додаде тој.
Идилата траела три часа додека вработените во бензинската пумпа не увиделе дека направиле огромна грешка и ја исправиле. Подоцна беше откриено дека оваа грешка предизвикала штета од речиси 20.000 долари. Менаџерот на бензинската пумпа во Калифорнија, Џон Шечина, доби отказ поради грешка во цената.
„Па, тоа беше грешка што ја направив. Ја презедов одговорноста за тоа“, рече Џон. Беше покрената и кампања GoFundMe за да му помогне на Џон да собере пари и да ги врати пред да ја добие тужбата.