31-годишната манекенка и актерка Мелани Гејдос боледува од ретко генетско нарушување наречено ектодермална дисплазија.
Симптомите се различни од личност до личност, а кај Мелани се манифестирале со губење на забите, ноктите, косата, деформација и ретардација на растот на коските и рскавицата.
Гејдос имала повеќе од 40 операции за хирурзите да ѝ го „поправат“ лицето, но сега се чувствува добро во сопствената кожа и вели дека се прифатила себе онаква каква што е и дека повеќе нема желба да оди на операции и да се менува.
Таа претходно не можела да поднесе кога некој ја фотографирал, но откако студирала уметност, нејзиното тогашно момче ја убедило да ги испрати своите фотографии на некои професионални фотографи.
Се случило токму тоа што тој го претпоставил – некои од нив биле целосно воодушевени од нејзиниот уникатен изглед! Оттогаш животот ѝ се променил.