На социјалните мрежи кружеа бизарни гласини дека поп пејачката од косовско потекло, Биби Рекса починала од предозирање. Таа демантирала преку Твитер.
-Ох боже, три дена ме немаше и веднаш на интернет се појавија гласини дека сум мртва, дека сум се предозирала – напиша Рекса на Твитер.
Подоцна, Биби ја сподели лажната вест која наводно ја објави Си-Ен-Ен и кој содржи соопштение од нејзиниот менаџмент и од членовите на семејство.
Биби Рекса подоцна се пошегува дека сега станала дух.