Пејачката на познатиот руски бенд Восток, Натела Ас почина во Москва. Taa имала 48 години, а телото е пронајдено во близина на куќата.
Минувач го забележал телото, повикал полиција, а тие утврдиле дека станува збор за познатата пејачка, бидејќи со себе имала документи, клучеви и мобилен телефон.
Полицијата соопштила дека нема знакови на насилна смрт, борба или било што што би укажувало дека е влечена. Натела наводно можела да падне од пожарните скали, кои се многу високи.
Натела Ас, освен со пеење, се занимавала и со моделинг, имала епизодни улоги во филмови и серии, ама најголема популарност стекнала во 90 тите, кога била пејачка на популарниот бенд.