Тркач- рекреативец доби доживотна забрана за настап на трки и маратони од спортскиот сојуз на Савана откако во директен пренос ја удри новинарката по газето додека известуваше за настанот. Подоцна беше утврдено дека се работи за Том Каловеј од Џорџија кој на трката од 5 километри додека минуваше на патеката ја удри по газето новинарката Елекс Бозаријан .
“Човекот кој ме удари по задницата на ТВ преносот: Ме посрамоти, ме нападна и ме претвори во сексуаелн објект. Ниту една жена никогаш не смее да биде изложена на такво нешто“ напиша Бозаријан на својот профил на Твитер.
Ова видео го обиколи светот, а после сето тоа се воспостави дека човекот бил поп и тоа кој работи со деца. Попот Том Каловеј веднаш ангажирал адвокат, и рекол дека го направил тоа инстиктивно и не знае по кој дел од телото ја „удрил“ репортерката која најави тужба против него.