Глумицата Ким Катрал која се прослави со улогата на Саманта во хит серијата „Сексот и градот“, ги потврди претходните наводи дека не ѝ се допаднал заплетот на планираниот трет филм за четирите дами од Њујорк.
Ким долго време одбиваше да зборува за причините поради кои повеќе не е дел од познатата серија и филмски продолженија. Иако често се шпекулираше за нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери во серијата, Катрал секогаш се воздржуваше од одговарање на вакви прашања.
Пред да го види светлото на денот продолжението „And Just Like That“, Ким едноставно изјави дека не сака да биде дел од новите епизоди бидејќи знае „кога е доста“.
Тие денови многу се пишуваше за дополнителни причини зошто славната Саманта нема да се појави во продолжението, а една од нив беше поврзана со заплетот. Како што тогаш објавија некои медиуми, една од приказните требало да се занимава со непријатната ситуација кога 14-годишниот син на Миранда треба да ѝ испрати на Саманта експлицитни фотографии од полниот орган.
Ким Катрал сега за прв пат ги коментираше овие наводи.
„Тоа е премногу разочарувачко“, изјави актерката во интервју за Variety и делумно потврди дека приказната е вистинита.
Наместо тоа, самата Катрал излегла со алтернативна верзија на сценариото, во која таа ја губи својата компанија за односи со јавноста, која ја сметала за подобар заплет.
Актерката навела дека нејзината идеја за поубедлив заплет би била дека Саманта мора да ја продаде својата компанија на „некој човек облечен во дуксер, а тоа е дилемата што таа ја има“.
„Тоа е конфликт, наместо малолетно момче…“, навела Ким, која на крајот секако ја одбила улогата.