Според медиумите, десетгодишното девојче во придружба на психолози и социјални работници било префрлено во семејството на блиски роднини, каде што ќе престојува во следните неколку дена.
Таткото на убиецот Коста К., како сопственик на оружјето со кое е направен масакрот, е уапсен и приведен, а мајката вчера цел ден го поминала во полиција каде по наредба на обвинителството била на распит.
– Помладата сестра на момчето-убиец е во многу тешка состојба, не престанува да плаче, била на училиште кога се случило се и знае се… Префрлена е во семејството на блиски роднини каде ќе остане до понатаму. известување. Обезбедена и е стручна поддршка од психолози, педагози и лекари – соопштија од надлежната социјална служба.