Бред Пит се подмлади и го промени имиџот на 60 години, а многумина веруваат дека тоа се случило под влијание на неговата млада девојка.
Популарниот холивудски актер Бред Пит се појави на хуманитарниот настан наречен „Rock4EB 2024“„Rock4EB 2024“, кој долго време го поддржува. Добротворната организација собира средства за ретката кожна болест „epidermolysis bullosa“. Бред беше во Малибу во присуство на својата сакана партнерка Инес де Рамон.
На настанот тој позираше и покрај Кортни Кокс, пријателка на неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон во серијата Friends.
Нивното присуство на хуманитарниот настан доаѓа набргу откако Дејли Мејл ексклузивно дозна дека Де Рамон им „забранила“ на нејзините пријатели, семејството, па дури и деловните контакти да зборуваат за врската со Пит, па дури и ги натерала да потпишат договори за необјавување за да „изградат доверба“.
Иако нивната врска стана „посериозна“, нивните стилови исто така стануваат сè покомплементарни. Многумина коментираа дека Бред Пит паднал под влијание на својата девојка, а поради неа го променил имиџот.
Гласините во Холивуд се дека Бред ангажирал моден консултант за него и Инес да излегуваат со стил.
Не е првпат Бред Пит да го копира стилот на својата партнерка. Така беше и кога излегуваше со Гвинет Палтроу, па сите велеа дека се буквално како близнаци, а истото го правеше и за време на бракот со Џенифер Анистон.
Бидејќи Инес е 26 години помлада од актерот, тој многу интензивно работи на подмладување на својот изглед. Многу жени коментираат дека тој никогаш не изгледал подобро, додека мажите се обидуваат да ја откријат тајната на неговиот младешки изглед на 60 години.