Ден пред годишнината од трагичната смрт на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, се огласи неговиот голем пријател и колега тажниот Тони Цетински. Хрватскиот пејач уште еднаш покажа дека никогаш не го преболел заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.
„13 долги години. Утре некаде во ова време не напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку и денеска ми недоставуваш и колку се уште ни е тешко што прерано си замина.Животот навистина не е фер. Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам…..На пат секако и одвратно врне, но твојата насмевка е надеж. Ќе биде се добро додека те имаме тебе кој не чува со своето присуство, песни, и сите добри и племенити работи кои и ги остави на оваа планета. Ти си ангелот на добрината. Знам дека не чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат“, напиша Тони Цетински.