Руската вакцина против ковид-19, Спутник В, е околу 83 отсто ефикасна против делта сојот на коронавирусот, а тоа е помалку одошто се мислеше претходно, соопшти денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, пренесува ТАСС.
Производителите на вакцината во јуни соопштија дека Спутник В е околу 90 ефикасен против делта.
Мурашко додаде дека ефикасноста на Спутник В против тешка форма на ковид која може да доведе до хоспитализација надминува 95 отсто.
Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, денес порача оти Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите соеви на коронавирусот.