Гуруто Вим Хоф тврди дека совладувањето на оваа техника на дишење може да помогне во намалување на воспалението кое се појавува како резултат на болести, кои што се слични на коронавирусот.
Вим Хоф (61) од Амстердам е холандски екстремен спортист кој што вниманието на јавноста го добил поради своите способности да издржи ниски температури, како што е капење во вода од минус 15 степени.
Неговата терапија вклучува совладување на научна техника на дишење која што го подобрува нивото на енергија, го чисти телото од токсини, го намалува нивото на стрес и го зајакнува имуниот систем.
Хоф се појавил во позната британска емисија „This Morning“, зборувајќи за своето необично истражување кое што подразбира внесување на бактеријата Ешерихија коли во човековото тело, но и применување на посебна техника на дишење, за да се воочи дали истата дава резултати.
Дванаесет луѓе кои што биле подготвени на експериментот на Вим, велат дека благодарение на применувањето на нучната техника на дишење, тие воопшто не покажале симптоми на грозница и болки.
„Во рамките на научното истражување обучив 12 луѓе да ја применат техниката на дишење. Успеаа да примат инјекција со бактеријата Ешерихија коли, која што нормално се создава при воспаление на телото.
Како коронавирусот, бактеријата создава воспаление, но сето тоа ние успеавме да го спречиме. Со ова истражување покажавме како луѓето да ги ублажат болките и воспалението.
Без температура, главоболка, агонија, грозница – што вообичаено би се случило како последица“ – раскажал Хоф.
На почеток треба да направите пет длабоки вдишувања, а секое од нив да го задржите по пет секунди.
На шестото вдишување задржете го здивот околу 5 секунди, а потоа искашлајте се, покривајќи ја вашата уста.
Потоа повторете ја оваа постапка.
Следниот чекор е да легнете на стомак на кревет со перница од вас и во наредните 10 минути да дишете подлабоко од вообичаено.