“Луѓе, јас сум во Орландо и погледнете што ми направи Хуан. Може ли некој да ми помогне? Хуан само ме тепа. Сакам правда, сакам правда. Заклучена сум во бањата”, плаче жената на снимката.
После лекарскиот преглед над Милена било утврдени отоци на лицето и модринки под очите.
Повреда здобил и Жан, кого сопругата во самоодбрана го удрила со пеглата која ја дофатила.
Фернандес (24) е приведен за семејно насилство и клубот размислува за негово отпуштање.
„Речиси 90 години од своето постоење, Сао Паоло гради приказна заснована на здрави принципи на однесување на и надвор од теренот и не се откажува од тоа.“, соопшти бразилскиот клуб, кој чека на крајот на истрагата за да донесе конечна одлука.