Откако со една изјава се обиде да ја одбрани Меган Маркл од последните пишувања на таблоидите, холивудскиот актер Џорџ Клуни стана цел на напади од нејзината полусестра Саманта Маркл.
“ Твојата жена адвокатка требаше да те научи дека не смееш да даваш изјави без факти. Не верувам дека Џорџ Клуни би ја нападнал својата мајка без легитимни причини. Најдобро ти е да замолчиш Џорџ“ – напиша на Твитер, 54-годишната Саманта која е позната по провокации од порано.