Шпанската полиција уапси полугол 45-годишник во Мадрид, откако извикувал на улицата дека е заразен со коронавирус и се обидел да ги нападне службениците со две сабји.
Инцидентот се случил вчера попладне. Цивилната заштита побара дополнителна полициска поддршка затоа што не успеала да го смири мажот што шетал гол до појас по улицата со сабји во рацете, викајќи дека е заразен со коронавирус.
Кога пристигнала полицијата, наместо да се предаде, човекот започнал да им се заканува на полицајците и да го крши стакло на полициските автомобили.
Полицијата испукала неколку истрели во воздух како предупредување за сторителот, пренесува Ел Мундо.