На интернет кружи видео во кое човек од обезбедување во ноќен клуб соборува жена на земја за време на хаотична тепачка во Сан Антонио.
Неколку „малку“ облечени девојки си ја кубеле косата една на друга и се бореле, кога одеднаш еден маж од обезбедувањето грабнува една од нив и насилно ја фрла на земја. Десетици банкноти испаѓаат од нејзината чанта додека во шок лежи на подот пред повторно да почне да се движи, пишува Дејли Мејл.
Виралниот клип, кој е прегледан дури 4,5 милиони пати на Твитер, го прикажува и’ истиот маж како прска со солзавец друга жена која вреска дека „не гледа“, пренесува Jutarnji list.
Имено, никој од учесниците во тепачката се уште не поднел кривична пријава, тврдат од локалната полиција.
Безбедносната компанија која го вработува мажот открила дека во саботата вечерта пред „Private Social Club“ одеднаш се случиле шест тепачки.
Видеото започнува со прикажување на толпа посетители на клубови на улица кои почнуваат да се соблекуваат додека сведоците викаат, а потоа избива серија тепачки еден на еден.
На едно од видеата, девојка во беж комбинезон влече девојка за коса на земја, а потоа постојано ја удира.
https://twitter.com/i/status/1642683692412997641