Познатиот полски лекар Војчех Рокита синоќа починал во болницата во Киелце – пишуваат полските медиуми. Тој го водеше гинеколошкиот оддел, и иако бил заразен од коронавирусот по враќањето од странство, тоа не била причина за неговата смрт.
Пријателот на лекарот, Максимилијан Матерна, објави видео на социјалните мрежи во кое објаснува дека Рокита се убил поради пораките со омрази кои ги добивал последниве денови.
Имено, лекарот ја уверувал јавност дека не бил во контакт со ниеден пациент или вработен во болницата, но многумина не му верувале и го навредувале преку социјалните мрежи и пред болницата.
“ Нашето мислење е дека бранот на омраз е главната причина зошто докторот изврши самоубиство“, изјавил неговиот адвокат.